Поранешниот селектор на македонската фудбалска машка репрезетација Игор Ангеловски се огласи на социјалните мрежи и откри зошто денешниот датум е важен за него.
-12.11.2020, датум кој секогаш ќе остане во моето сеќавање, пласман на ЕУРО 2020. Во недела посакувам да славиме пласман на МАКЕДОНИЈА во бараж на СП – Катар 2022, напиша Ангеловски на Фејсбук.
Македонската фудбалска А репрезентација во јуни оваа година го имаше историскиот прв настап на едно Европско првенство.