Репрезентативецот на Гвинеја, Флорентен Погба беше претепан од своите соиграчи во Генчлербирлиги. Ова се случи по поразот од 0-1 од Анталијаспор во 32-коло на турската Суперлига.
Братот на Пол Погба добил повреда и го напуштил теренот, без дури да го извести тренерот Умит Озат. Во тој момент, неговиот тим заостануваше во резултатот и веќе ги направи сите три смени.
По крајот на натпреварот останатите играчи на тимот почнале да се конфронтираат со 27-годишниот дефанзивец, кој бил спасен од посериозен инцидент по интервенцијата на луѓе од обезбедувањето на клубот.
Генчлербирлиги е на претпоследното 17-то место на табелата на турската Супер лига и има 30 поени. До крајот на сезоната има уште два круга, а тимот од Анкара е на пет поени од зоната за спас.