четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Трофејот летна за Италија, но провокацијата остана во Англија – и тоа замислете, од Шкотска!

ФОТО: Трофејот летна за Италија, но провокацијата остана во Англија – и тоа замислете, од Шкотска!

Азурите во финалето на ЕП ја победија Англија која беше домаќин на „Вембли“, па така во историјата на ЕУРО шампионатите, ова е втор трофеј за Италија.

Многу од островските земји во склоп на Британија, Шкотска, Велс и Ирска, беа против тоа Англија да го освои трофејот, бидејки како што пишуваа нивните весници, потоа ќе фалеа 20 години.

Токму на таа тема, еден шкотски весник побара од Манчини да ги вложи сите свои напори, со цел да им земе трофејот на англиските фанатици, а тоа на крајот и се случи.

Италијаните вчера се вратија дома со трофејот во раце, а тренерот Манчини веднаш се најде во центарот на случувањата.

Јавноста запази еден интересен детаљ од авионот на Италија. Трофејот на Италија при заминувањето кон дома, беше во непосредна близина на селекторот Манчини, а токму таа фотографија привлече внимание.

Имено, трофејот беше ставен на шкотскиот весник „The National“, кој претходните денови подигна доста прашила.

Шкотите беа објавиле фотографија од легендарниот филм „храбро срце“, а на фотографијата беше монтиран токму Манчини, со натпис „Спаси не Роберто, ти си нашата последна надеж“.