четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО+ВИДЕО: Сцени од кои солзите не запираат – Бока со посебна чест за Марадона, ќерката не можеше да ја сокрие тагата

ФОТО+ВИДЕО: Сцени од кои солзите не запираат – Бока со посебна чест за Марадона, ќерката не можеше да ја сокрие тагата

Солзи кои се леат како дожд на три различни страни вечра вечерта поради смртта на Диего Марадона. Победи неговата Барселона, неговиот Наполи и на крај на неговата „Ла Бомбоњера“ победи Бока Јуниорс.

Ова се сите тимови за кои играше Марадона и кои беа во неговото срце.

Бока од него се прости на посебен емотивен начин. Играчите во натпреварот против Њуелс Олд Бојс (уште еден клуб за кој настапуваше Марадона) истрачаа на теренот во ретро дресови од периодот кога тој играл за клубот, а наместо своите го носеа неговото презиме.

Капитенот на Њуелс пак носеше посебна капитенска лента со која му оддаде почит на Марадона.

Посебно емотивен момент се случил по првиот постигнат гол на Бока кога сите играчи дотрчале до ложата на Марадона од која е спуштен неговиот дрес со број 10 и аплаудирале.

На неговото посебно место на трибините овој пат седеше неговата ќерка Далма која не можела да ги запре солзите.