недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Заработува 250.000 фунти неделно, а се враќаше од Милано за 29 фунти

ФОТО: Заработува 250.000 фунти неделно, а се враќаше од Милано за 29 фунти

Честа глетка е луксузниот живот кој го живеат познатите фудбалски ѕвезди. Тие споделуваат како се облекуваат, какви автомобили возат и егзотични места кои ги посетуваат.

Тоа не е случајот со Рис Џејмс, членот на екипата на Челзи. Дефанзивецот заработува 250.000 фунти, а беше забележан како се враќа со авион во Лондон, за кој плати само 29 фунти.

Англискиот репрезентативец одлучи да остане уште еден ден во Италија, по славјето над Милан. Тој патуваше сам, а за време на мечот доби ситна повреда, која нема да го спречи да отсуствува од терените долго време.

Повредата на ногата го натера да плати дополнителни 11 фунти, за повеќе простор кај нозете, пишуваат англиските медиуми.