недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Францускиот фудбалски клуб Ница го затвори тренинг кампот поради Ковид-19

Францускиот фудбалски клуб Ница го затвори тренинг кампот поради Ковид-19

Францускиот фудбалски клуб Ница денеска соопшти дека го затвори тренинг кампот поради ширење на новиот коронавирус.

Ница соопшти дека повеќе од десет играчи и членови на персоналот биле позитивни на вирусот на неодамнешниот тест, а исто така биле погодени и играчи од младински тимови.

Ница не ги објави имињата на заразените играчи, а беше објавено откако Швајцарскиот фудбалски сојуз објави дека дефанзивецот Џордан Лотомба испаднал од конкуренцијата за пријателскиот натпревар против Белгија оваа недела поради позитивен тест.

Клубот се надева дека тренинг кампот ќе биде отворен следната недела по новиот круг на тестирање. Следниот натпревар Ница го игра во Лига 1 на 21 ноември, кога ќе гостува во Марсеј. (МИА)