петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Французин го засили Пелистер

Французин го засили Пелистер

Глоир Антонио (24), играч за врска е најновото засилување во Пелистер во пресрет на новата сезона. Антонио неколку сезони има играно во бугарскиот шампионат. Секако дека би требало да биде освежување во тимот на Димитар Капинковски во претстојната сезона која стартува утре, пренесе СпортМедиа.

Нов играч на битолчани е и Виктор Крстевски (21), кој дојде од Вардар каде во минатата сезона имаше повеќе настапи. Инаку Крстевски може да игра на неколку позиции во дефанзивата.