Кралската фудбалска асоцијација на Холандија (КНВБ) го разгледува Франк де Бур за кандидат за нов селектор на репрезентацијата. Според „De Telegraaf“, наскоро ќе се одржи првата средба меѓу двете страни.
КНВБ сака да го претстави новиот селектор на националниот тим пред следниот циклус репрезентативни настапи, кога Холанѓаните ќе играат против Мексико, Босна и Херцеговина и Италија.
Во август, Роналд Куман ја напушти холандската репрезентација поради понудата од Барселона. Двајт Лодевеж ја презеде функција привремено.
Франк де Бур е без ангажман по заминувањето од тренерското место во тимот на Атланта Јунајтед во јули оваа година.