петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Франција, Белгија и Португалија први обезбедија пласман на Европското првенство наредната година

Франција, Белгија и Португалија први обезбедија пласман на Европското првенство наредната година

Французите со гостински триумф кај Холандија го заверија пласманот на Европското првенство, Килијан Мбапе беше стрелец на двата гола.

Мбапе погоди во седмата минута за водство од 1-0, а по осум минути игра во вториот дел постигна прекрасен погодок за 2-0.

Во финишот од мечот Хартман постигна само почесен гол за Холандија.

Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на Португалија над Словачка од 3-2 за место на Европското првенство.

Покрај Роналдо, гол даде и Рамош. Погодоците за Словачка ги постигнаа Ханко и Лоботка.Два гола даде Лукебакио и еден Лукаку за победа на Белгија од 3-2 на гостувањето кај Австрија. Погодоците за домаќините ги постигнаа Лајмер и Сабицер.