Бекот на Баерн Минхен, Бенжамин Павар нема да го обнови договорот и ќе го напушти клубот уште ова лето, информираат германските медиуми. Францускиот репрезентативец го информирал раководството на клубот дека сака да си замине и побарал од раководството да биде продаден на друг клуб.
Павар игра во Баерн од 2019 година. Во Минхен дојде од Штутгарт, претходно играше за Лил.
За него има интерес од Барселона и неколку клубови од Англија.