Френки де Јонг жали што Лионел Меси не се врати во Барселона.
– Мислам дека секој тим би сакал Лионел да игра за нив, бидејќи тој одлучува за исходот на натпреварите секогаш, секаде. Штета што не се врати во Барселона. Би бил среќен поради тоа, би било одлично, го цитира „Goal.com“ играчот од средниот ред на каталонскиот клуб.
Меси по две години поминати во Пари Сен-Жермен, одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС-лига, како играч на Интер Мајами.