Еспањол претрпе пораз на гостувањето кај Селта Виго (3-1) во премиерниот натпревар од 18. коло во шпанската Ла лига. Иако тимот од Каталонија одигра натпревар далеку под своите можности, сепак погодокот на гостите од Барселона ќе остане запаметен во историјата на Ла лига.
Фудбалерот на гостите Морон го постигна почесниот погодок за својот тим во 92. минута, но на каков сензационален начин. Тој од аут линија од некои 40 метри од теренот успеа да го лобува противничкиот голман и да ја затресе неговата мрежа.
GOLAZO.
Loren Moron [Espanyol]. #IMC pic.twitter.com/WjA6hwNXuK— Medio Video (@MedioVideo) December 17, 2021