петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалер суспендиран на 7 меча поради антисемитизам

Фудбалер суспендиран на 7 меча поради антисемитизам

Француската фудбалска лига го суспендира дефанзивецот на Ница, Јусеф Атала на седум натпревари поради објасување антисемитски пораки на социјалните мрежи. Ница го казни својот фудбалер минатата недела, а играчот се извини поради својот потег.

По истрагата на Етичкиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Франција, француската лига покрена дисциплинска постапка и го суспендира.

Атал е обвинет за „бранење на тероризмот“ со делење на пораки на интернет. Тој е под истрага и поради „јавно поттикнување на омраза или насилство кон одредена религија“.

Алжирецот го избришал и видеото во кое палестински свештеник дава антисемитска објава и јавно се извини за постапката, а исто така ги осуди сите облици на насилство без разлика на кој дел од светот.