петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалери на Јунајтед ќе се соочат со намалување на платите за една четвртина доколку ја пропуштат ЛШ

Фудбалери на Јунајтед ќе се соочат со намалување на платите за една четвртина доколку ја пропуштат ЛШ

Платите на фудбалерите на Манчестер јунајтед значително ќе бидат намалени доколку не се пласираат во Лигата на шампионите.

Многу клупски играчи имаат таков услов во своите договори, објави „Атлетик“. Сепак, некои играчи може да се договорат за помало намалување. За дел од играчите платата нема да се промени доколку не се пласираат во Лигата на шампионите.

Меѓу оние кои имаат таква клаузула е и играчот за врска Пол Погба, но неговиот договор е со важност до претстојното лето.

Претходно се дозна дека платата на Кристијано Роналдо ќе се намали од 480 илјади фунти неделно на 360 доколку Манчестер Јунајтед не биде во топ 4 во Премиер лигата на крајот на сезоната.