Станаа познати деталите за тензиите меѓу Тиери Анри и фудбалерите на Монако. Од раководството на тимот од Кнежеството изразија незадоволство од работата на Французинот, особено со неговите методи на комуникација.
– По еден од натпреварите Анри викна кон еден играч: „Ти чиниш 10 милиони евра?“ Го чуја и други и реагираа негативно на тоа. Тренерот не комуницираше добро со тимот, беше арогантен и не ги слушаше мислењата на другите“, изјави човек од раководството на Монако за goal.com.
Шефовите на Монако одлучија да го суспендираат Анри и тој веќе нема да го тренира тимот. Се очекува на функцијата да се врати Леонардо Жардим.
Тимот од Кнежевството е во зоната за испаѓање во Лига 1.