Македонските најдобри фудбалери на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје денес го одработија првиот тренинг во пресрет на октомврискиот собир пред натпреварите со Лихтенштајн и со Германија во квалификациите за пласман на СП 2022.
Селекторот Благоја Милевски на располагање ги имаше сите повикани фудбалери вклучувајќи го и дебитантот Ердал Ракип од Малме.
Единствено ќе недостасува Енис Барди кој поради повреда мора да го пропушти октомврискиот квалификациски прозорец.