среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалерите ќе одиграат пријателска средба и со Казахстан пред ЕП

Фудбалерите ќе одиграат пријателска средба и со Казахстан пред ЕП

Освен натпреварот со Словенија на 1 јуни, нашата фудбалска репрезентација, пред настапот на ЕП, ќе одигра уште еден пријателски меч и тоа со селекцијата на Казахстан. Овој меч ќе се игра во Скопје и тоа а 4 јуни.

Ова е според правилата на УЕФА, имено мора секоја репрезентација да одигра најмалку два пријателски меча пред ЕП. Нашата селекцијата својот собир ќе го има на 25 мај.

За нас 13 јуни започнува ЕУРО со настапот против Австрија, потоа на 17 јуни со Украина, овие два меча се играат во Букурешт, додека на 21 јуни играме со Холандија во Амстердам. Тоа се тие три меча од групната фаза на ЕП.