Фудбалерите со триумфот над Италија му ја подарија најубавата роденденска честитка на селекторот Благоја Милевски.
„Сер Боби“ денеска го прославува својот 51-ви роденден, а поголем подарок не можеше да добие од победата од 0-1 среде Италија против европскиот шампион.
За Милевски, во осмиот натпревар како предводник на националниот тим, ова четврта победа, дополнети и на три ремија, и само еден пораз.