Фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха наскоро ќе потпише нов договор, со кој ќе заработува неверојатни 150 илјади евра месечно.
Овој крилен напаѓач откако ја почна својата професионална кариера донира 10 проценти од секоја плата во добротворни цели, што значи дека се новиот договор ќе донира по 15 илјади евра неделно.
Тоа значи дека месечно ќе донира 60.000 евра.
Неговиот Кристал Палас одлично ја отвори оваа сезона, откако во првото коло славеше со 2:0 против Фулам, а Заха постигна гол на тој натпревар.