Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Квича Кварацхелија привлекува интерес од големи европски клубови.
Според инсајдерот Николо Шира, 21-годишниот Грузиец е следен од пет врвни клубови одеднаш. На оваа листа се Реал Мадрид, Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Ливерпул.
Скаутите на клубовите се во Италија и ги следат настапите на Квичи.
Сепак, раководството на Наполи нема да го продаде играчот во блиска иднина. Грузискиот играч за врска во летниот преоден рок се пресели од Динамо Батуми во Наполи за 10 милиони евра.
Оваа сезона Кварацхелија учествуваше на 17 натпревари, постигнувајќи осум гола и 10 асистенции во сите натпреварувања.