петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалерот со најдолга репрезентативна кариера го одигра последниот меч

Фудбалерот со најдолга репрезентативна кариера го одигра последниот меч

Фудбалерот на Андора, Илдефонс Лима во вторникот, по 137 натпревари за репрезентацијата ја заврши најдолгата кариера во репрезентација.

Овој фудбалер дебитираше за Андора во 1997 година со 17 години во вториот официјален меч на оваа репрезентација, а до сега успеал да постигна 11 голови за националниот тим.

Исто така беше и капитен.Гинисовата книга на рекорди пред две години објави дека Лима постигнал рекорд како фудбалер со најдолга меѓународна играчка кариера.

Тој одигра 23 минути во поразот на Андора од Швајцарија со резултат 3:0, во квалификациски меч од групата И за пласман на ЕП 2024. Тоа му беше последен меч во националниот тим. Тој има 43 години. Тој 26 години ги бранеше боите на Андора.