Стандардниот првотимец во дресот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Томас Милер, не крие дека одгледува коњи и зајци, заедно со својата сопруга, Лиса. Тие двајца се сопственици на голема фарма, а најмногу пари заработуваат од продажба на коњска сперма. Една таква замрзната доза ја продаваат за околу 200 евра и тоа најчесто преку интернет.
View this post on Instagram
Пред неколку дена репрезентативецот на Германија откри дека еден коњ сериозно се има повредено: „За жал, имаме лоша вест. Нашиот омилен коњ Д’Авие нема да биде достапен во следните неколку месеци. Тој се лизна за време на тестирањата кои се потребни пред почетокот на сезоната за парење. Се лизна и доживеа незгодна повреда во пределот на копитото и затоа ќе мора да мирува во следните неколку месеци. Можеше да помине уште полошо, откри Милер.
View this post on Instagram
Таквата негова изјава предизвика реакција од страна на здружението за заштита на животните.
Срамно е што самопрогласениот љубител на коњите ги принудува истите животни на неприродни сексуални обврски се со цел да има максимална финансика заработка од нив. Повредата која ја има добиено Д’Авие под надзор за Лиса и Томас, можеше да биде избегната, изјави потпаролот на ПЕТА, Јана Хогер.
View this post on Instagram