Поранешниот фудбалер на Шкупи, Мариано Ондо Монсух Ангонг, починал како последица на срцев удар за време на тренинг на селекцијата на Екваторијална Гвинеја. Имаше 23 години.
Во 2018 година, Мариано Ондо настапуваше за Шкупи, каде забележа само три настапи. Беше репрезентативец на Екваторијална Гвиниеја за која одигра седум меча.
Тој починал вчера за време на тренинг на својата селекција откако му се слошило и бил префрлен во болница каде починал.
Имал договорен трансфер во шпанската Трега лига, и требало да замине за неколку дена.