сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФУДБАЛСКА „ВОЈНА“ ВО ТЕТОВО: Удрен помошникот судија, играчите се фатија за гуша, фудбалер доби камен во глава (ВИДЕО)

ФУДБАЛСКА „ВОЈНА“ ВО ТЕТОВО: Удрен помошникот судија, играчите се фатија за гуша, фудбалер доби камен во глава (ВИДЕО)

Дербито во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи донесе голем број прекини, а последниот беше предизвикан поради удар кон помошникот на Александар Ставрев, објавува Гол.мк.

Во еден момент публиката фрли некаков предмет и го погоди судијата во ногата. Тоа донесе нов прекин и нова мешаница на теренот, по која се вмешаа и фудбалерите на двата тима.

Претходно во главата беше погоден гостинскиот фудбалер 21-годишниот Ардит Иљази. Пред мечот, пак, беа нападнати фудбалерите и стручниот штаб на гостинската екипа при пристигнувањето на стадионот.