среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската асоцијација на Англија ќе му понуди нов договор на Герет Саудгејт

Фудбалската асоцијација на Англија ќе му понуди нов договор на Герет Саудгејт

Англиската Фудбалската асоцијација (ФА) планира да му понуди на селекторот Герет Саутгејт нов договор, без разлика на резултатот на ЕУРО 2020 иако Саутгејт има договор до СП во Катар во 2022 година.

Извршниот директор на ФА, Марк Булингем потврди дека ФА ќе почне со преговорите со Саутгејт по Европското првенство.

„Секако, би сакале тој да продолжи со репрезентацијата, бидејќи ја има нашата почит. Сметаме дека завршува одлична работа и ќе почнеме со формални преговори по ЕУРО 2020“, вели Булингам.