четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската легенда Пеле излезе од болница

Фудбалската легенда Пеле излезе од болница

Светската фудбалска легенда Едсон Арантес до Насименто (81), по дводневен престој ја напушти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, јавија денеска локалните медиуми, додавајќи оти Пеле е во стабилна состојба.

На трикратниот светски првак лани му беше дијагностициран тумор на дебелото црево, а по оперативниот зафат неколку пати се враќаше во болницата за испитувања и хемотерапии.

– Едсон Арантес до Насименто е испишан од болницата „Алберт Ајнштајн“. Пациентот е во добра и стабилна клиничка состојба, се наведува во медицинскиот извештај, потпишан од ендокринолог, онколог и директорот на болницата.

Пеле е единствениот фудбалер во историјата, кој освоил три титули светски првак (1958, 1962 и 1970), а популарниот „O Rei (Крал) во кариерата постигна повеќе од 1.000 голови пред да ги закачи копачките на ѕид во 1977 година. (МИА)