Македонската фудбалска репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски денеска ги започна подготовките за стартот на новата сезона од Лигата на нации.
На првиот тренинг попладнево на стадионот на комплексот „Куќа на фудбалот“ во Скопје, недостасуваа Алиоски, Барди, Трајковски, Димитриевски кои дополнително ќе се приклучат на националниот тим.
Македонија во првиот меч од новата сезона во Лигата на нации, на 2. јуни гостува на Бугарија во Разград која е носител во нашата група. Потоа на 5. јуни следи гостувањето против Гибралтар, на 9. јуни е мечот со Грузија во Скопје и на 12. јуни дуелот со Гибралтар во Скопје.