вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската репрезентација го одработи официјалниот тренинг пред мечот со Ерменија и дебито на новиот селектор (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација го одработи официјалниот тренинг пред мечот со Ерменија и дебито на новиот селектор (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација го одработи официјалниот воедно и последен тренинг пред утрешниот меч со Ерменија за дебито на новиот селектор Боби Милевски, кој пред точно еден месец ја презеде селекторската улога од Игор Ангеловски.

Милевски ги склопи коцките за своето деби во обид за успешен старт и освојување на првото место во групата против моменталниот лидер кој во мартовските мечеви освои максимални девет бодови.