четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг во Рејкјавик (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг во Рејкјавик (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација го одработи единствениот тренинг предвиден во Исланд пред утрешниот натпревар во рамките од квалификациите за пласман на СП во Катар наредната година.

Засилена со Кире Марковски и со амбиција за прва победа под водство на Боби Милевски, црвено-жолтите гледаат на утрешниот меч.

Многу важен натпревар за популарните „рисови“ кој може многу да каже дали сме во сериозна трка за Мундијалот во Катар следната година или повторно ќе се „лизнеме“ и направи одново чекор назад.

Недостасуваше реализацијата против Ерменија, од нашиот табор се надеваат дека токму утре ќе ги има головите, секако во овој случај во исландската мрежа.

Мечот Исланд-Македонија започнува в недела од 18.00 часот.