среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската репрезентација со подготовките пред ЕП започнува на 25. мај

Фудбалската репрезентација со подготовките пред ЕП започнува на 25. мај

Македонската фудбалска репрезентација и официјално ги стартуваше подготовките за следното Европско првенство.

Селекторот Игор Ангеловски веќе три дена ги следеше фудбалерите кои досега од втор план чекаа шанса и одиграа контролен натпревар со прволигашот скопски Работнички.

Нашата селекција своите последни подготовки за континенталниот собир ќе ги започне на 25 мај, а пред заминувањето за Букурешт, најверојатно на 29 мај ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Словенија.

„Нас сите не сметаат за аутсајдери, а ние тогаш сме најопасни. Сметам дека можеме да ја поминеме групата. Планот на подготовки веќе е направен првиот собир е на 25 мај, на 29 мај е договорен пријателски натпревар со Словенија, а на 8 јуни заминуваме за Букурешт во нашата база каде ќе бидеме до почетокот на првиот дуел со Австрија на 13 јуни“, рече Ангеловски во интервјуто за ТВ Сител.