Македонската фудбалска репрезентација денес го одработи и последниот тренинг пред патот во Букурешт Романија, на Европското првенство.
На последниот тренинг, националниот тим беше комплетен. Последен се приклучи Енис Барди, на кого му заврши периодот на изолација, откако на последниот тест беше негативен на Коронавирусо
Понеделник ќе биде слободен ден за репрезентацијата и нема да има тренинг, а во вторник националниот тим ќе патува за Букурешт, каде ќе има пет дена, пред првиот историски меч на Европското првенство против Австрија на 13 јуни.