Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг на националната арена во Букурешт, пред утрешниот меч против Романија со кој „црвено-жолтите“ ќе ги отворат мундијалските квалификации за пласман на СП во Катар во 2022 година.
Селекторот Игор Ангеловски ќе може да смета на сите повикани фудбалери, освен на Аријан Адеми кој поради повреда најверојатно ќе го пропушти дуелот против Романците.
„Црвено-жолтите“ го почувствуваа теренот на кој покрај утрешниот натпревар против Романија ќе ги одиграат и натпреварите на Европското првенство против Австрија и Украина.