сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалски судија од Лигата на шампиони обвинет за местење натпревари

Фудбалски судија од Лигата на шампиони обвинет за местење натпревари

Чехот Павел Краловец, кој во вторникот го судеше натпреварот од Лигата на шампиони меѓу Челзи и Краснодар, е обвинет за вмешаност во местење фудбалски натпревар во чешкото првенство, јавија локалните медиуми.

Весникот „Днес“, повикувајќи се на извори во истрагата, објави дека во случајот е вмешан и поранешниот потпретседател на чешката Фудбалска едерација Роман Бербер, кој е во притвор од октомври за истото обвинение.

Во чешиот печат осамнаа делови од полискиот извештај во кој се пренесува снимен телефонски разговор во кој Бербер бара да влијае врз конечниот резултат на финалето од националниот Куп во јули годинава, во кое Спарта Прага славеше над Слован Либерец со 2:1. (МИА)