Токму во моментот кога ја покажуваше својата дополнителна класа на стартот во Бундеслигата за Фуксe Берлин, 23-годишниот дански десен бек Матијас Гидсел заработи повреда што ќе го оддалечи од терените во следните десет недели.
Најкорисниот ракометар на последниот олимписки турнир во Токио 2021 година скрши прст на левата рака и ќе мора да паузира во период кога неговиот тим е во подем. Гидсел се повреди на натпреварот од ЕХФ Еврокупот против Данска, на кој играат репрезентации кои веќе се пласираа на следното Европско првенство.
Гидсел нема да гостува во Битола следниот месец, на натпреварот од третото коло на групата Д на Европската лига.
Пред да дојде во Германија, Гидсел настапуваше за ГОГ Гудме во татковината.