среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Футсал репрезентацијата на Македонија високо поразена од Србија

Футсал репрезентацијата на Македонија високо поразена од Србија

Футсал-репрезентацијата на Македонија на домашен терен е поразена од Србија со  1-6  во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство .

Избраниците на Васко Скендеровски беа одлични во првите десет минути, дури и успеаја да поведат со гол на Исмаили во 9. минута, но тоа беше се на натпреварот. Србија во нешто повеќе од пет минути постигна четири гола преку Пршиќ, Петровиќ (автогол), Петров и Лазаревиќ, а во второто полувреме, Томиќ и Ракиќ ставија печат на триумфот во Скопје во СЦ „Јане Сандански“.

Македонија во квалификациите за ЕП има два освоени бода и сега е последна на табелата. Циклусот продолжува во април, поточно на 8 април кога во Скопје гостува БиХ, а за крај следи гостување во Темишвар кај Романија (14 април).

foto:gol.mk