Македонската футсал репрезентација одигра 1-1 на гостувањето кај Србија во 3. коло од квалификациите за Европското првенство во 2022.
Македонија со бод се враќа од гостувањето кај Србија во квалификациите за пласман на ЕП во Холандија.
Футсалците се изборија за реми против фаворитот а голема заслуга за ова има голманот Петровски. Пршиќ во 4. минута донесе водство за Србија но Крстевски шест минути подоцна погоди за 1-1.
Домаќините комплетно доминираа во продолжението, упатија дури 30 удари од кои 13 во рамките на голот но Петровски правеше чуда и не дозволи да биде совладан по втор пат.
Македонија за четири дена има нова пресметка со Србија, овој пат ние сме домаќини во арената „Јане Сандански“.