петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Габриеле Чофи доби отказ од Верона

Габриеле Чофи доби отказ од Верона

Италијанскиот фудбалски прволигаш Верона му врачи денеска отказ на тренерот Габриеле Чофи по серијата од четири порази во Серија А.

Чофи ја презеде Верона на почетокот на сезонава кога го наследи Хрватот Игор Тудор, но тимот под негово водство немаше добар почеток на сезоната.

Во досегашните девет кола Верона освои само пет бодови и се наоѓа на 18. место на табелата.

Како главен кандидат за наследник на Чофи се споменува уругвајскиот стратег Диого Лопез.