Вардар останува второлигаш и догодина, по ремито на Силекс и Воска Спорт (1-1). Капитенот Филип Гачевски го коментира последниот натпревар од сезоната и истакна дека однапред се знаеле сите работи кои ќе се случат во ВМФЛ-Запад, воедно вели дека во Кратово умрел мак-фудбалот.
„За жал, сезоната заврши онака како што е. Дадовме максимум труд и срце на терен. Фудбалот носи среќа и фудбалот понекогаш е суров. За жал, она што се случуваше оваа сезона во ВМФЛ-Запад е незапаметено. Сакам да потенцирам дека однапред се знаеше се! И за крај, денес во Кратово умре македонскиот фудбал и фудбалската игра. Силекс, Господ е голем! Вардар бил и ќе биде најдобар клуб во Македонија“, вели Гачевски.
Вардар втора сезона во низа ќе мора да игра во ВМФЛ, која во следната сезона ќе биде обединета и ќе брои 16 учесници.