Коди Гакпо често се најавуваше како засилување на Манчестер јунајтед но во понеделникот пристигна информација за негов трансфер на Енфилд.
Ливерпул набрзина ја комплетираше зделката и го промовираше Холанѓанецот како нов играч.
„Последните неколку дена беа навистина хаотични, се се одвиваше многу брзо, плус беше Божиќ. Требаше да поминам време со семејството, да го договорам трансферот, да летам итн. Но среќен сум со исходот“ – вели Коди Гакпо.
„Разговарав многу со Ван Дајк, ми кажа дека ова е правиот потег за мене и за мојот развој и дека тука ќе станам подобар играч. Ми објасни дека клубот е огромен но всушност е едно големо семејство. Имаше само убави зборови, па среќен сум што тој е тука, ќе ми биде од голема помош.Ван Дајк имаше влијание врз мојата одлука бидејќи е капитен во репрезентацијата, се работи за одличен карактер и голем играч. Како што кажав, може да ми помогне многу“.