среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Галијани за Пабло Мари: Тој влегол во клинч со напаѓачот

Галијани за Пабло Мари: Тој влегол во клинч со напаѓачот

Пабло Мари се наоѓа во болница во Милано и во текот на утрешниот ден ќе му биде извршена операција, се со цел да има што побрзо заздравување од длабоката рана која ја добил во пределот на грбот.

Фудбалерот на Монца оваа вечер беше прободен со нож во супермаркет во Милано и беше една од петте личности кои биле избодени од напаѓач со нарушено ментално здравје, а најлоша вест е тоа што еден од касиерите им подлегнал на повредите и е единствена жртва од инцидентот.Пабло Мари не е во критична состојба и веќе стапил во контакт со Адријано Галијани, кој на медиумите им опишал како изгледала крвавата драма.

– Пабло ја туркал количката во кое седело неговото дете, а неговата сопруга била до него. Одеднаш, почувствувал прободување во грбот. Верувам дека неговата височина му го спасила животот, бидејќи има прободување во пределот на рамото. За жал, тој видел како деликвентот забодува една од жртвите во вратот. Видел се што се случило и беше шокиран. Тој има расекотини на грбот и на неговата уста. Не може да каже што се точно се случило, бидејќи во адреналин, влегов во клинч со напаѓачот. Нема повреда на витални органи, има само расекотни на мускулите. Неговата сопруга е во болница и ќе дава изјава како сведок. Моите мисли сега се со семејството на касиерката. Ми кажаа дека станува збор за 30-годишна касиерка која им подлегнала на повредите, – открива Галијани.