Медиумите од Италија пренесуваат дека денеска во Милано биле потпишани документите со кои „Сити Фудбал Груп” станува нов сопственик на Палермо во зделка вредна околу 13 милиони евра.
Палермо е 11-тиот клуб под капата на Шеикот Мансур и „Сити Фудбал Груп“, попладнево во Милано биле потпишани документите за продажба на клубот од „сицилија“.
„Сити Фудбал Груп“ ќе плати околу 13 милиони евра за да купи 80% од Палермо, додека пак сегашниот претседател Дарио Мири ќе задржи 20% и ќе остане на чело на клубот.
Палермо во 2019 влезе во големи финансиски проблеми, клубот банкротираше и беше преселен во четврта лига, но оваа сезона успеа да се избори за промоција во Серија Б, и следната сезона ќе настапува во втора лига. На натпреварите од плејо-офот имаше и над 30.000 публика.