Илија Несторовски се најде на страниците на денешното издание на „Газета дело Спорт”, најпознатиот весник од Италија, кој објави специјална сторија за Македонецот.
Нестогол е прв стрелец на „Сицилијанците“ и главниот играч зад одличната полу сезона и првото место во Серија Б во мисијата Палермо експресно да се врати во елитата. Весникот од Милано имаше многу пофални зборови за Илија.
– Тој е главниот лик во Палермо во 2017. Во него се крстеа дека ќе донесе опстанок, а сега дека ќе ги врати во Серија А. Постигнува голови, бележи асистенции, даде ветување (и го одржа) дека ќе остане да игра во Серија Б, и го продолжи договорот. Освен тоа што испадна со Палермо, 2017 беше прилично успешна за Несторовски, кого сега го чекаат нови предизвици во 2018. Доколку не пристигне некоја луда понуда во јануари – и во овој момент се чини дека нема ништо такво на повидок – тој ќе продолжи да биде симболот на Палермо, пишува најпознатиот весник од Италија.
Изминатава година тој постигна 16 погодоци од кои 14 во дресот на Палермо (4 од јануари до мај во Серија А, 10 во Серија Б) и два со репрезентацијата на Македонија. Одлични бројки за играч кој пристигна на мала врата од Интер Запрешиќ за само 500.000 евра. Но со своите погодоци ги замолкна сите критичари и скептици. Головите најмногу ги постигнуваше со левата нога (12 од 16) и секогаш од шеснаесетникот, освен прекрасниот слободен удар против Ентела. Овој погодок веројатно беше и неговиот најубав, перфектна егзекуција со која не му остави простор на голманот да интервенира.
– Покрај головите, мора да се напомене и неговото однесување како прав капитен, кој се жртвуваше за групата, со пример ги водеше соиграчите и ги охрабруваше кога работите не одеа според планот, пишува меѓу другото „Газета дело Спорт” за Несторовски.