петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Геце се врати во Бундеслигата и потпиша за Ајнтрахт

Геце се врати во Бундеслигата и потпиша за Ајнтрахт

Поранешниот германски репрезентативец Марио Геце (30) и официјално е новиот фудбалер на Ајнтрахт од Франкфурт кој е актуелен победник во Лигата на Европа.

еце потпиша договор до 2025 година, а во изминатите две години настапуваше за ПСВ Ајндховен за кого одигра 77 натпревари, постигна 17 голови и забележа 18 асистенции.

– Навистина сум среќен што потпишав за Ајнтрахт Франкфурт. Овој клуб доживеа несекојдневен подем и тргна на возбудливо и амбициозно патување на кое и јас ќе бидам дел. Разговорите со спортскиот директор Маркус Краше и тренерот Оливер Гласнер покажаа дека ги имаме и ги следиме истите цели и идеи. Овој клуб има одлична основа, од стадион преку навивачи до самиот град, се ми одговара. Со нетрпение очекувам да се вратам во Бундеслигата. Освен тоа, имаме можност да играме и во Лигата на шампионите – изјави Геце по потпишувањето на договорот.

Поранешниот германски репрезентативец претходно има настапувано за Борусија Дортмунд и Баерн Минхен кои кои освои пет титули во Бундеслигата, четири во германскиот Куп и по еднаш Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство