Предводникот на германската фудбалска репрезентација до 21 година Штефан Кунц (58) е прв кандидат за наследник на Шенол Ѓунеш на селекторската клупа на Турција.
Ѓунеш претходно овој месец доби отказ по серијата слаби резултати со турскиот национален тим, која кулминираше со поразот од 6-1 од Холандија во мундијалските квалификации.
Германската фудбалска федерација (ДФБ) официјално соопшти денеска дека нема да му прави пречки на Кунц доколку ја прифати турската понуда.
– Раководството на ДФБ едногласно одлучи да го ослободи Штефан Кунц од обврските кои произлегуваат од важечкиот договор доколку „постигне договор со Турската фудбалска федерација“. Од своја страна, ДФБ не сака да биде пречка во неговиот следен чекор во кариерата, се наведува во соопштението. (МИА)