петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Германија е вториот финалист на ЕП за фудбалери до 21 година

Германија е вториот финалист на ЕП за фудбалери до 21 година

Селекцијата на Германија со фудбалери до 21 година се пласираше во финалето на Европското првенство, откако ја совлада Холандија со 1-2 (0-2) на „Мол Арена“ во Унгарија.

Само 30 секунди им беа потребни на момците во „бело-црна“ комбинација да поведат, откако по брза транзиција

Нмеча атрактивно со надворешниот дел од копачката му „сервира“ топка на Флориан Вирц кој лесно погоди за 0-1. Германија го искористи шокот, па повторно преку играчот на Баер Леверкузен успеа да ја удвои позитивата по осум минути игра.

Холандија успеа да ја врати надежта преку голот на Пир Шурс во 68. минута, потоа притисна и се обиде во целост да се врати ама не успеа. Во финалето Германија ќе се сретне со Португалија во недела.