недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Германија ја декласира Ерменија, Романија сигурна против Лихтенштајн

Германија ја декласира Ерменија, Романија сигурна против Лихтенштајн

Првиот фаворит во нашата група селекцијата на Германија, која загуби од Макеоднија во март, ја прегази Ерменија и го преземе лидерското место во групата Ј после вечерашниот триумф со 6-0.

Германија ја распарчи четата на Жоакин Капарос уште во првиот дел, кога Серж Гнабри даде два гола (6., 15. минута), а Марко Ројс (35.) и Тимо Вернер (45.) по еден, за седум минути по стартот на вториот дел Јонас Хофман (52.) и Адејеми (91.) да погодат уште двапати за убедлив триумф.

Четирикратниот светски првак со оваа четврта победа во петтото коло и со 12 бода на контото сега е првопласирана, пред Ерменија која падна на второто, а Романија сега ја прескокна Македонија откако со два гола во првиот дел, нашиот следен противник во среда го победи Лихтенштајн (2-0), но очигледно ги чуваше силите за пресметката во Скопје.

Романија сега има девет бода, Македонија со осум е четврта, а Исланд петти со четири, додека Лихтенштајн е единствен без бодови.

Романците на брзина во 11-та и 18-та минута дадоа два гола преку Тоска и Манеа и очекувано целосно доминираа, но иако најавија победа со многу голови, реализаторски застанаа, веројатно чувајќи ги силите за мечот со Македонија, кој полека станува клучен во таа трка за битката за барем второто место кое води во баражот..