Германскиот фудбалски сојуз аплицираше во УЕФА за добивање на домаќинството на Европското првенство во 2024 година.
Желбата за организација на ЕУРО 2024 Германците ја искажаа во март 2017 година.
– Имаме одлична инфраструктура и услови за да организираме идеален турнир кој ќе му даде можност на УЕФА да постигне уште поголем напредок во европскиот фудбал. Ако го добиеме ЕП 2024 може да сметате на совршено ЕП, изјави Ринхард Гриндел, прв човек на германскиот фудбал.
УЕФА ќе ги прифаќа апликациите на заинтересираните до 27 април.
Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација на 27 септември во Нион ќе ја избере земјата домаќин на континенталниот шампионат.
МИА