Фудбалската селекција на Германија забележа нова победа во мундијалските квалификации, откако потешко од очекуваното, со пресврт од 2-1 (0-1) славеше над Романија
Гостите по само девет минути игра им приредија шок на големиот фаворит и поведоа со 0-1. Поранешниот светски и европски шампион во целост потфрли во одбраната, а тоа го искористи хаџи, кој со велемајсторски дриблинг се ослободи од чуварите, а потоа со итер удар го совлада Тер Штеген,
Фудбалерот на Баерн Минхен Гнабри, конечно стави крај на промашувањата и во 52. минута со прекрасен удар од полудесно го израмни резултатот на 1-1, а во самиот финиш „џокерот“ Томас Милер се најде на вистинско место и донесе заслужена победа за Германија, шестта во овие квалификации.
Во рамки од групата Ј, каде што се натпреварува и Македонија, Исланд не дозволи ново славје на Јохамсон и со голот на Јоханесон во 77. минута се избори за големо реми од 1-1. Претходно, водство за гостите донесе Ховханисјан во 35. минута.