вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Германски фудбалери удрија во такси, четворица се мртви

Германски фудбалери удрија во такси, четворица се мртви

Четворица членови на германскиот клуб од пониската лига Алеманија 05 загинаа во страшна сообраќајна несреќа во близина на Карлсруе.

Според полицијата, автомобилот со четворица се излизгал и излегол на спротивната сообраќајна лента каде се судрил со такси. Возачот на автомобилот и неговите тројца сопатници загинале на лице место.

Во сообраќајната несреќа загина и едно лице од таксито. Во него покрај возачот имало и двајца браќа, а еден од нив за жал загинал. Возачот и уште еден сопатник од таксито се тешко повредени. Сите жртви во несреќата се на возраст од 25 до 29 години.