Сопругата на фудбалерот на Партизан, Марк Валијенте објави на својот профил на Инстаграм видео кое предизвика внимание во јавноста.
Имено, Мирјам Валијенте на својот профил сподели видео како го дои своето бебе и така даде свој допринос во расправата за доење на јавно место, нешто за кое во Србија, но и пошироко во светото во последно време се дискутира доста.
„Заљубена сум. Уживајте“, порача Мирјам на својата објава на која ја сподели снимката со нејзиното дете.